Манчини: Нема да биде лесно со Македонија, сепак нашата цел е освојување на СП!

126

Роберто Манчини, селекторот на Италија попладнево ја имаше првата прес – конференција од подготовките за дуелот со Македонија на 24 март во Палермо. Тоа е меч од полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар.

Тој повтори дека нема да биде лесно со Македонија…

Не, нема да биде лесно на првиот меч. Не смееме да го земеме овој натпревар со Македонија здраво за готово. И да победиме ќе имаме четири дена да се подготвиме за финалето“ посочи селекторот на Италија.

Тој напомена дека целта на Италија не е само да победи на овие два бараж меча и да се пласира на Мундијалот, туку и да го освои СП во Катар.

Нашата цел е да го освоиме Мундијалот во Катар, а да го сториме тоа ќе мора да победиме на овие два бараж меча. Не се грижам за Донарума, подобро да го имаме со нас отколку против нас. Кјелини веројатно нема да игра на двата меча, но сепак не можам уште сега да го открија составот за мечот со Македонија“ посочи Манчини.

ПретходноМајсторија од пола терен: Голот на Љамче за фудбалско уживање, нешто невидено во Битола! (ВИДЕО)
СледноВардарки победнички низ Крива Паланка