Нуркиќ „зовре“ и фрли телефон во публика (ВИДЕО)

325

Јусуф Нуркиќ е повреден извесно време но и без да заигра е во центарот на вниманието. Високиот центар на Портланд, синоќа на гостувањето кај Индијана влезе во конфликт со еден навивач од првиот ред, и ја „реши“ ситуацијата со тоа што му го зеде телефонот од рака и го фрли неколку метри.

Што е причината за оваа реакција на Нуркиќ сеуште не се знае но очигледно дека навивачот сериозно го навредил за босанецот така да реагира.

Навивачите во НБА лигата кои седат во првите редови се повеќе стануваат проблем затоа што си дозволуваат премногу да влегуваат во конверзација со играчите, а тоа често завршува како синоќешната ситуација на Нуркиќ. За среќа тој е премногу професионалец, па веднаш сфати што направи па час побргу исчезна од паркетот за да навивачот не заврши уште полошо.

 

 

ПретходноАнчелоти: Да не правиме трагедија од ова
СледноЃоковиќ повторно е тенисер број еден во светот