Поранешниот кадетски репрезентативец, Едвин Омерагиќ направи важен исчекор во својата кариера. Левиот бек се пресели во Германија, во тимот на Биберау. 19-годишниот Омерагиќ за кого ова е прво интернационално искуство ќе игра во третата германска лига.
Левиот бек потпиша договор до 2024 година, а планот на раководството на новиот тим е да напредуваат во тамошниот шампионат.
„Во Едвин Омерагиќ го добивме токму играчот што го баравме и кој ни е итно потребен. Станува збор за висок напаѓач со огромен потенцијал и добро движење. Тој за кратко време се прилагоди на средината и ќе биде голема поддршка за претстојните натпревари. Како што кажав тој ќе биде решение за нашите кадровски промени“, изјави од Биберау.
Со овој трансфер, Омерагиќ ќе напредува во својата кариера за да биде еден од потенцијалните репрезентативци во списокот на Кирил Лазаров. Претходно настапуваше за тимовите на Аеродром и Бутел Скопје, минатото лето беше дел од македонската репрезентација на кадетскиот ЕХФ шампионат.