Пред неколку недели играше за тим на бегалци во осмата лига, вчера погоди за Аталанта

333

Аталанта вчера оствари многу важна победа на гостувањето кај Болоња во Серија А, но вниманието на италијанската јавност го освои стрелецот на победничкиот гол, дебитантот Мустафа Сисе, кој стана херој на насловните страници на локалниот печат.

Во отсуство на дузина првотимци, тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини реши да го повика 18-годишниот Сисе кој е дел од младинскиот тим на составот од Бергамо. Тој не само што ја оправда ситуацијата, туку и го реши мечот. 17 минути по официјалното деби и на 8 минути пред крајот на регуларното време, Гвинеецот го искористи додавањето на Пашалиќ и мирно ја испрати топката во мрежата на домашниот голман.

Пред само неколку недели, Сисе беше фудбалер во осмата дивизија на Италија, во тим составен главно од бегалци. Талентираниот Гвинеец бил забележан од скаутите на Аталанта и доведен во младинскиот погон. Тој брзо покажал квалитети што го убедиле Џан Пјеро Гасперини и неговите соработници да му дадат шанса и во првиоот тим. Сисе кој до пред неколку недели не можеше ниту да сонува дека ќе игра фудбал на професионално ниво, денеска веќе е ѕвездата на Аталанта во најава.

ПретходноПелистер по достојно збогум од Јадранот
СледноВерстапен не може да преболи: Мораше да освоиме бодови