Тимот на Сан Антонио синоќа во рамките од новото коло во НБА лигата, изненадувачки го совлада Голден Стејт на негов терен со 108:110. Иако се очекуваше победа на објективниот фаворит на овој меч сепак гостите одиграа добро во текот на сите четири четвртини и заслужено триумфираа.
Ричардсон беше најдобар поединец со 25 поени, додека пак МАреј додаде свои 19 кај победничкиот тим. Пул од другата страна најјефикасен на целиот меч со 28 коша, а Клеј Томпсон додаде четири помалку.
Голден Стејт и натаму е трет на истокот со 49 победи од 72 меча, додека пак Сан Антониот е далеку од местата за плеј оф со само 28 триумфи сезонава.
Резултати:
Њујорк – Јута 93:108
Денвер – Бостон 104:124
Голден Стејт – Сан Антонио 108:110
Филаделфија – Торонто 88:93