Реал Мадрид ги разочара своите фанови, на „Сантијаго Бернабеу“ беше поразен од Барселона со 4-0.
Карло Анчелоти на оваа средба не сметаше на повредениот Карим Бензема, а неговата тактика се покажа како целосно промашување. Италијанскиот стручњак одлучи да го поштеди Бензема за финишот на сезоната, па неговото отсуство и тоа како можеше да се почувствува.
Поразот од Барселона од трибините го следеше и францускиот фудбалер, по срамниот пораз не штедеше зборови за дел од играчите.
„Вечерашниот срамен пораз од Барселона се случи затоа што ги потценивме. Вчера кога се разбудив ги видов Винисиус и Касемиро како пијат и играат ФИФА заедно. Ги прашав зошто не одмараат пред важен натпревар, а Винисиус ми одговори „Нема потреба „Барселона е без Меси“, изјави Бензема.