Верстапен не може да преболи: Мораше да освоиме бодови

415

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен посочи дека тоа што не ја заврши трката во Бахреин ќе ја комплицира одбраната на титулата во Формула 1.

Пилотот Ред Бул беше на втората позиција, но се повлече од технички причини неколку круга пред целта.

„Се чинеше дека горивото престана да тече во моторот. Всушност, сè само се исклучи, а јас отидов во боксот. Не е како што очекував, особено по многу успешен тест и позитивен викенд. Со оглед на малите проблеми што ги имавме, второто место би било многу добар резултат – тоа се 18 бода. Чеко [Перез] веројатно ќе завршеше четврти. Но, на крајот, двата болида паднаа и тоа е многу разочарувачки. Требаше да освоиме поени. Во првата трка не е важно дали ќе победиш или ќе завршиш втор. Но, на крајот загубивме многу бодови. Понекогаш тесната битка за титулата може да трае до самиот крај, а овие бодови беа многу важни“, рече светскиот шампион.

ПретходноПред неколку недели играше за тим на бегалци во осмата лига, вчера погоди за Аталанта
СледноАлегри: Немам поим дали Дибала ќе остане