Давид Бабунски: Ќе играме со срце за да ја победиме Италија!

324

Македонија попладнево ги започна подготовките за дуелот со Италија на 24 март во Палермо. Историски дуел за нас, кој во случај на победа ќе не донесе на чекор до пласман на Мундијалот.

Тука е Давид Бабунски, повратникот во А- тимот, кој не крие дека е среќен што одново е со националите.

Искрено многу сум среќен што повторно сум во репррезентацијата. Со истата гордост кога и претходно бев во репрезентацијата. Свесни сме со кого играме, знаеме дека ќе биде тешко за нас, но и за Италија ќе биде тешко. Покажавме дека може да се носиме со најсилните репрезентации и ќе излеземе на терен да дадеме се од себе за да победиме“ вели повозрасниот брат Бабунски, секако дека тука е и Доријан.

Давид вели дека тој и неговите репрезентативни колеги со срце ќе играат за Македонија…

Нема што да загубиме, ние одиме со свои амбиции на гости. Спремни сме за ваков предизвик и како што реков, можеме да постигнеме нешто големо. Ќе играме со срце и со желба за да победиме“ заврши Бабунски.

ПретходноАјде Македонијо: Националите го одработија првиот тренинг пред Палермо! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЕнис Барди: Можеме да победиме секого, ќе играме и за Елиф и Тихо!