Енис Барди: Можеме да победиме секого, ќе играме и за Елиф и Тихо!

417

Енис Барди со години наназад е еден од клучните играчи во нашата репрезентација. Сега откако нема да ги имаме во Палермо Елмас и Костадинов, од него се очекува уште повеќе.

Тој тоа го знае, знае добро против кого играме на 24 март во Палермо, но како и секогаш и сега играчот за врска на Леванте е оптимист.

Па така на денешниот прв тренинг пред бараж мечот со Италијам Барди истакна…

Познато е колку е важен овој натпревар за нас, но и колку ќе биде тежок. Италија ќе тргне со сите свои сили, но и ние едвај го чекаме овој голем предизвик. Ова ќе биде еден од најважните натпревари за нас,затоа мораме да бидеме максимално сконцентрирани во текот на целиот натпревар“ потенцира Барди.

Тој вели дека се респектира Италија, но во денешниот фудбал нема изразити фаворити, секој може секого да победи.

Ние покажавме дека можеме да победиме секого, сметам дека за нас ќе биде најважно како ние ќе изгледаме на терен. Да бидеме сконцентрирани на нашата игра, да го исполниме она што од нас го бара селекторот. Знаеме дека ќе ни недостигаат Елиф и Тихо, но ќе играме и за нив“ заврши Барди.

ПретходноДавид Бабунски: Ќе играме со срце за да ја победиме Италија!
СледноКошаркарите со шарени чорапи во знак на солидарност кон лицата со Даунов синдром (ФОТО)