Шарл Леклер откри што има кажал на инженерите на Ферари во последните моменти пред да победи на вчерашната премиерна трка од новата сезона, која се возеше за Големата награда на Бахреин
Пилотот на Скудерија покажа дека Ферари оваа година се враќаат во трка за престолот.
„Во последниот круг им реков дека нешто е чудно со моторот. На инженерите тоа не им се допадна многу, сигурен сум. Но, беше забавно. Размислував за оваа шега во последните 10-15 круга и се надевав дека нема да има проблеми до крајот. Кога видов дека Макс има проблеми си реков: „Ајде, те молам, издржи до целта“. Моторот издржа, одлично“, изјави Леклер по трката.