Кошаркарите со шарени чорапи во знак на солидарност кон лицата со Даунов синдром (ФОТО)

222

Денеска во Широки Бриег стартуваше последниот „балон“ од регуларниот дел од сезоната во АБА 2-лига. Прв на теренот излезе Пелистер, го совлада Осијек во дербито на дното на табелата со 97-78.

Оваа средба беше од посебно значење, не поради резултатот, туку истата беше за поддршка на лицата со Даунов синдром. Па токму затоа дел од кошаркарите носеа шарени чорапи како знак за солидарност, на теренот имаа можност да се дружат со нив и да направат заедничка фотографија.

Денеска е светскиот ден на лицата со Даунов синдром, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои за да се покаже солидарност со лицата со Даунов синдром и истовремено да се подигне свеста на јавноста за односот кон луѓето со Даунов синдром.

 

ФОТО: Драгана Стјепановиќ

ПретходноЕнис Барди: Можеме да победиме секого, ќе играме и за Елиф и Тихо!
СледноФОТО ВЕСТ: Столе – ЛЕТА!