Лаутаро позитивен на Ковид-19, нема да игра за Аргентина

79

Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер е позитивен на Ковид-19. Тоа денеска и официјално беше објавено, а тоа значи дека Лаутаро нема да може да настапи за својата репрезентација на Аргентина на претстојниот меч со Венецуела во рамките на квалификациите за СП во Катар.

Инаку добро за Интер е што сега има пауза во Серија А и тоа поради настапот на Италија против Македонија во баражот за СП во Катар, меч кој се игра во Палермо на 24 март. Доволни ќе бидат тие две недели за Лаутаро да заздрави од короната.

ПретходноПросинечки на клупата на еден од најдобрите словенечки клубови
СледноЕдинствениот судија кој покажал 100 црвени картони во ПЛ оди во пензија!