Елиф Елмас е на “радарот“ на двата милански гиганти, Милан и Интер. Како што јавува CalcioNews24, нашиот Дијамант и фудбалер на Наполи бил трансферна цел на двата клуба од Милано за претстојниот летен преоден рок.
Цената за Елмас, која ја одреди Наполи е најмалку 35 милиони евра, а дали Милан ги има тие пари допрва ќе се знае. Се шпекулира дека Милан сака Ребиќ да го прати во Наполи, а Елмас да дојде на „Сан Сиро“, да има чиста трампа, но оваа идеја не им се допаѓала на челниците на Наполи.
Интер би сакал да го ангажаира Елмас во случај Николо Барела да се пресели во Реал Мадрид, во тој случај се отвара место за Македонецот во редовите на актуелниот шампион на Италија.