Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала го напушта Јувентус на крајот на сезоната кога ќе му истече договорот и како слободен фудбалер ќе може да се пресели во друг клуб. Долго време трае сагата – дали ќе остане или не, но сега е одлучено Аргентинецот да си замине кога ќе му истече договорот со „Старата дама“ во јуни.
„Со доаѓањето на Влаховиќ, тој не е во главна улога во нападот. Затоа неговата одлука е да не го продолжи договорот“, изјави директорот на Јуве Маурицио Аривабене.
Дибала игра за Јуве од 2015 година. На стартот на сезоната беше именуван за заменик капитен, но по неколку повреди тој излезе од ролјата на главен играч во нападот. Неколку клубови веќе се интересираат за него, а меѓу нив се Интер и Атлетико Мадрид.