Пелистер убедлив во дербито на дното во АБА 2-лига (ФОТО)

193

Екипата на Пелистер ја запиша третата победа во АБА2-лига, откако на првиот меч од последниот турнир од регуларниот дел го совлада Осијек со 97-78 во дербито на дното на табелата.

Две добри четвртини им донеса радост на битолчани кои во својата дебитанската сезона во второлигашката јадранска конкуренција не се прославија. Имаа конкурентен ростер, но не го оправдаа истиот.

Кесар и Малешевиќ постигнаа по 16 поени, 13 имаше Николоќ, додека 10 Стајиќ.

Кошаркарите на Пелистер видоа мака во првата четвртина по која имаа негатива од 19-24. Во следниот период полека го градеа патот кон победата, на одморот заминаа со позитива од три коша (45-42).

Во третиот период корист на битолчани беше и реализацијата. Погодуваа од сите позиција, противникот немаше решение за нивниот налет, па набрзона дојдоа до двоцифрена предност. Пред крајот на третата четвртина на семафорот стоеја 75-53. Не застанаа, продолжија во ист ритам за убедлив триумф против единствениот тим кој пред стартот на последниот балон во Широки е послаб од нив.

Следен противник на Пелистер е Хелиос, мечот се игра за два дена. Утре првиот дуел го игра МЗТ Скопје, силите ќе ги одмери против домаќинот.

ПретходноВардарки победнички низ Крива Паланка
СледноИлиевски: Одбраната беше клучна!