Марк Овермарс доби отказ пред неколку недели поради секс-скандалот во Ајакс, па на местото спортски директор дојде екс-играчот на амстердамскиот тим Клас-Јан Хунтелар. Но Овермарс бргу најде нова работа.
Тој оди да работи во соседството. Ќе биде технички директор на најстариот белгиски клуб Ројал Антверпен. Се работи за четирикратен белгиски шампион и трикратен освојувач на Купот. Оваа сезона играше во групната фаза на Лига Европа, а моментално е третопласиран на табелата во белгиската Жупилер лига.
„Тоа што се случи во Ајакс нема да се повтори. Среќен сум што сум тука. Ова е нова страница во мојот живот. Ова е вистински предизвик. Клубот расте и гледам голем потенцијал тука“, изјави Овермарс.
Дома Меѓународен фудбал По секс-скандалот Овермарс си најде нова работа и тоа во најстариот белгиски...