Проблеми во Португалија: Пепе позитивен на Ковид-19, Сантош повика нов фудбалер!

205

Проблеми во селекцијата на Португалија, репрезентација со која ние би можеле да го играме финалето од плеј – офот за пласман на баражот за СП во Катар 2022.

Имено искусниот дефензивец Пепе е позитивен на Ковид-19, па така место него селекторот на Португалците, Сантош се реши да го повика Тиаго Џало од тимот на Лил.

Да потсетиме. Португалија во полуфиналето игра со Турција, и ако победи тогаш во финалето ќе ги одмери силите со подобриот од мечот меѓу Италија и Македонија.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 24.КОЛО: Супер Љамчевски за прва победа на Пелистер
СледноУЕФА ќе и го одземе финалето на Тирана во Лигата на Конференции!!!