Просинечки на клупата на еден од најдобрите словенечки клубови

384

Словенечките медиуми тврдат дека хрватскиот стручњак Роберт Просинечки наскоро ќе седне на клупата на Олимпија од Љубљана. Раководството на клубот по трите натпревари без победа и осумте бодови негатива во однос на водечкиот Марибор, одлучи да го смени Дино Скендер и да го ангажира Просинечки.
Новото раководство, формирано после заминувањето на Милан Мандариќ, одлучи да го смени тренерот и да најде нов кој ќе може да ја повлече екипата нагоре.
Изборот наводно паднал на Просинечки, кој една играчка сезона ја поминал во овој клуб (2002/03). Инаку поранешниот селектор на БиХ е без ангажман после заминувањето од турскиот Денизли во 2020 година. Инаку во текот на кариерата ги тренирал Црвена Звезда, Кајзери како и репрезентацијата на Азербејџан.

ПретходноПо секс-скандалот Овермарс си најде нова работа и тоа во најстариот белгиски клуб
СледноЛаутаро позитивен на Ковид-19, нема да игра за Аргентина