Едно од најконтроверзните имиња во светскиот фудбал, Жозе Мурињо, деновиве е мета на италијанските медиуми кои од него бараат прогнози за бараж пресметките од кои зависат имињата на последните патници на Мундијалот во Катар.
„Италија или Португалија на СП? Јас мислам дека и Турција и Македонија се прашуваат за тоа, да не ги заборавиме. Не можам да бидам неутрален. Ја сакам Италија, сакам да живеам овде, но Португалија ми даде многу сила и се надевам дека ќе одиме на Светското првенство“.