Тејлор Фриц ја освои првата мастерс титула во кариерата, откако утрово Американецот го победи Рафаел Надал со 6:3, 7:6 (5) во финалето на Индијан Велс, со што му го нанесе првиот пораз на Шпанецот оваа сезона.
Фриц стана првиот Американец кој ја освоил титулата во Индијан Велс од 2001 година, кога тоа го направи Андре Агаси. Момчето родено во Калифорнија го освои вториот трофеј во кариерата.
Благодарение на освоените бодови, Фриц за првпат од денеска ќе се најде меѓу 15-те најдобри на АТП листата, заземајќи ја 13-та позиција.
Тој го постигна најголемиот успех во кариерата откако му го нанесе првиот пораз на Надал оваа сезона.