Како што пренесуваат одредени медиуми во Грција, па и на Балканот, постои голема опасност УЕФА да и го одземе финалето во Лигата на Конференции на Тирана. Инаку одамна е познато дека овој завршен меч од новото натпреварување е закажан на 25 мај во главниот град на Албанија, на новата Арена.
Станува збор за мешањето на политиката во спортот, нешто за што УЕФА и ФИФА имаат посебна аверзија. Имено претседателот на Фудбалската федерација на Албанија Арманд Дука одново е избран за прв човек, но тој од тамошните власти е обвинет за корупција и неговата функција во Федерацијата е под суспензија. Ова не им се допаѓа на челниците на УЕФА па деновиве ќе одржат состанок да ја разгледаат целата ситуација, а ако треба и да реагираат.