Повеќе од јасно е дека еден од нашите најголеми адути на мечот со Италија во Палермо, ќе биде Столе Димитриевски, нашиот голман кој во зимскиот преоден рок, по фантастичната есенска полусезона во Ла Лига, беше на чекор до трансфер во Барселона.
И сега е во одлична форма голманот на Рајо Валјекано. Денеска на првиот тренинг на репрезентација во пресрет на мечот во Палермо просто ЛЕТАШЕ покрај диреците, а новиот тренер на голманите Томе Пачовски со насмевка ја проследуваше секоја интервенција на нашиот „Пантер“.