Чави: Барселона е семејство, и сите треба да уживаме во овој голем триумф

222

Голема, огромна победа извојува тимот на Барселона синоќа среде Мадрид. Во најновото Ел Класико го декласира, го посрамоти Реал Мадрид на негов терен со неверојатни 0:4 во дуел во кој не само што доминираше, туку покажа како се игра вакво дерби. Како се прави од една лоша ситуација во која се наоѓа клубот, позитивна енергија која ќе ги движи Каталонците понатаму сезонава.

Барселона одигра маестрално. Погоди четирипати во противничката мрежа, а можеше сигурно уште толку. Сега веќе е сигурно дека Чави, е вистинскиот човек за клупата на Барселона и дека кубот погреши што не го доведе и порано.

„Исклучително сум среќен, но и задоволен. Пред се затоа што знам што оваа победа значи за навивачите на Барселона. Оваа победа може многу да значи за она како ќе изгледаме во иднина. Имавме огромна мотивација но и самодоверба. Им реков на моите играчи да не прават грешки, да не губат топки затоа што противникот тоа ќе го казни веднаш. Го контролиравме натпреварот, ги притискавме високо, не дозволувавме да играат. Бевме супериорни против Реал Мадрид. Ова е голем ден за навивачите на Барселона, затоа што во последно време немавме премногу причини за радост. Затоа сега треба да прославиме. Барселона се враќа, ова не е само моја победа, ова е на целиот клуб, затоа што Барселона е семејство“ – изјави Чави по натпреварот. 

 

ПретходноСпарси го изненадија Голден Стејт (ВИДЕО)
СледноПике го има твитот на денот: Дефинитивно се враќаме