Ѓоковиќ повторно е тенисер број еден во светот

236

Кратко траеше одисејата на Данил Медведев како прв рекет во светот. Новак Ѓоковиќ повторно е на чело на АТП листата со најголем број на освоени бодови. Иако тој сезонава одигра само еден турнир, а и на него испадна во раната фаза, сепак, насбраните бодови го прават најдобро рангиран со 8.465 поени.

Медведев има само 20 помалку, но и тоа е доволно, пред се затоа што и тој киксираше на Индијан Велс. За да пак Медведев повторно биде број еден ќе мора на турнирот во Мајами кој стартува за два дена да биде минимум во полуфиналето, и да го надмине својот учинок на овој турнир од минатата сезона.

 

 

ПретходноНуркиќ „зовре“ и фрли телефон во публика (ВИДЕО)
СледноЧесите стравуваат од навивачите во Македонија: Ќе мора да направиме голема предност во Злин