Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри уште еднаш ја коментираше ситуацијата околу составот на тимот. Тој проговори и за договорите некои играчи кои истекуваат ова лето, меѓу кои и на ѕвездата Пауло Дибала.
„Мојот однос со Пауло и со сите играчи е добар. Има некои дискусии меѓу нас, но јас сум секогаш директен, за доброто на играчите кои знаат дека ја имаат мојата верба и восхит. Пауло дојде како момче од Палермо и стана голем играч. Нема никакви проблеми меѓу нас. Не знам дали ќе продолжи да биде играч на Јувентус, тоа е прашање за клубот. Често разговарам со раководството и договорот на Пауло не е единствениот што истекува. Истекуваат и оние на Федерико Бернардески, Матијас Де Шиљо, Матијас Перин и Хуан Куадрадо. Мојата работа е да се снајдам добро во последните неколку недели од сезоната. Можам да ги оценувам играчите, но кога се во прашање договорите и желбите на играчите, тоа е друга работа“, изјави Алегри.