Професионалниот англиски фудбалски судија Мајк Дин оди во пензија. Славниот арбитар дебитираше на сцената во 1985 година, а во Премиер лигата дебитира во 2000 година додека на интернационалната листа на судии на ФИФА е од 2003 година, а по 10 години се откажа од меѓународните натпревари.
Инаку Дин е единствениот судија кој покажал 100+ црвени картони во најсилната англиска лига. Тоа се случи во април 2019 година на мечот меѓу Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед, а му го покажа на Ешли Јанг.