Се играше 24.минута од мечот Пелистер – Брегалница. Топката ја имаше Петар Љамчевски некаде околу средината на теренот. Прво виде дека гостинскиот голман е истрчан и се одлучи да испрати максимално прецизен шут. Тоа беше гол за аналите, за фудбалско уживање, гол од повеќе од 50 метри. Нешто невидено во Битола на стадионот “Петар Милошевски“. Битолчани велат дека ова е еден од најубавите голови во историјата на Пелистер.
Браво Љамче…