Пелистер својата дебитанската сезона во АБА2 лига не ја одигра според очекувањата, иако има конкурентен состав. Лидерот на табелата во македонскиот шампионат е спротивно во второлигашката конкуренција, се наоѓа на претпоследната позиција на табелата.
Битолчани денеска (15 часот) го отвараат последниот балон од регуларниот дел, кој се игра во Широки Бриег. Прв противник е тимот на Осијек, единствената послаба екипа во АБА2 лига од избраниците на Марјан Илиевски.
Хрватскиот клуб има една победа и девет порази, дека Пелистер има победа повеќе. Покрај овој дуел, битолчани ќе играат уште со Хелиос и Спарс. За разлика од нив пак МЗТ Скопје ќе се бори за врвот на табелата, актуелниот македонски првак заедно со Општина Аеродром се организатори на завршниот турнир во АБА2 лига.
МЗТ Скопје игра утре против Широки.