Селекторот на Италија, Роберто Манчини се соочува со проблеми во составот пред клучиот бараж полуфинален натпревар за Мундијалот во Катар кој се игра в четврток на 24 март против Македонија во Палермо. Повреден е и воедно и го откажува насташот за овој меч, играчот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо чие место ќе го завземе накнадно повиканиот Матија Де Шиљо од Јувентус.
Селекторот Манчини веднаш по завршувањето на тековното коло во Серија А, го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за дуелот со Македонија, но ете уште на стартот на подготовките се соочува со проблеми.