Словенечките медиуми тврдат дека хрватскиот стручњак Роберт Просинечки наскоро ќе седне на клупата на Олимпија од Љубљана. Раководството на клубот по трите натпревари без победа и осумте бодови негатива во однос на водечкиот Марибор, одлучи да го смени Дино Скендер и да го ангажира Просинечки.
Новото раководство, формирано после заминувањето на Милан Мандариќ, одлучи да го смени тренерот и да најде нов кој ќе може да ја повлече екипата нагоре.
Изборот наводно паднал на Просинечки, кој една играчка сезона ја поминал во овој клуб (2002/03). Инаку поранешниот селектор на БиХ е без ангажман после заминувањето од турскиот Денизли во 2020 година. Инаку во текот на кариерата ги тренирал Црвена Звезда, Кајзери како и репрезентацијата на Азербејџан.