ТИМ И ИГРАЧ НА 24.КОЛО: Супер Љамчевски за прва победа на Пелистер

358

Во силна конкуренција со Марјан Радески, кој одигра одлично за Шупи во Струга, сепак Спортмедиа се одлучи за играч на колото да го прогласи Петар Љамчевски, искусниот играч за врска на Пелистер. Секако и за голот постигнат од 50 метри, за добрата игра, но и за првата победа на битолчани сезонава.

Покрај него во тимот на колото е и Драгарски, столбот на одбраната на тимот на одличниот стратег Марјан Секуловски.

Академија Пандев славеше во Кавадарци, а во тимот на колото се Јовановски, Димов и Митровски. Шкупи ја победи Струга ТЛ во дербито, а во идеалниот состав се Брдаровски, Радески и Адетунџи. Тука се и Селмани од Ренова, Менсалао од Шкендија и Атанасковски од Македонија ЃП.

ИГРАЧ НА КОЛОТО
ПЕТАР ЉАМЧЕВСКИ
Тим: Пелистер
Роден: 08.08.1991 во Битола
Кариера: Пелистер, Металург, Еуромилк, Силекс, Гостивар, Тиквеш, Вардар, Пелистер

ПретходноФОТО ВЕСТ: Столе – ЛЕТА!
СледноПроблеми во Португалија: Пепе позитивен на Ковид-19, Сантош повика нов фудбалер!