Утре уште еден тренинг, па попладне се лета за Палермо

346

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за баражот за пласман на СП 2022. Противникот е Италија, а ќе играме на „Ренцо Барбера“ во Палермо. Избраниците на Благоја Милевски веќе се спремаат за мечот, утре ќе одработат уште еден тренинг од 11 часот кој ќе биде од затворен тип и тој ќе биде последен во Скопје.
Во 17 часот националниот тим со чартер лет одат за Палермо. Натпреварот е на 24 март со почеток од 20:45 часот.

ПретходноУЕФА ќе и го одземе финалето на Тирана во Лигата на Конференции!!!
СледноПо секс-скандалот Овермарс си најде нова работа и тоа во најстариот белгиски клуб