Во добра атмосфера, со верба во себе и своите квалитети, нашите најдобри фудбалери летнаа за Палермо, и тоа со специјален чартер – лет. Сите веќе знаат. Македонија на 24 март на “Ренцо Барбера“ во Палермо ќе го игра полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар.
Ова е голема шанса за нешто гиганатско да се направи, да се влезе во историјата.
Секако дека има две скалила, првата е онаа во Палермо.
Без Елмас и Костадинов, но со Адеми, Стефа, Џани, Барди,. Столе…има, има Македонија квалитет.
Нас ни останува само да им посакаме среќа и да не израдуваат во Палермо.
МАКЕДОНИЈО – СО СРЕЌА ВО ПАЛЕРМО!