Нема сомневање дека нашите фудбалери в четврток ќе ја имаат потребната поддршка на “Ренцо Барбера“,кој ќе биде преполн со 36.000 гледачи, на бараж мечот со Италија. „Фалангата“ се мобилизира, Палермо ќе биде обоен во “црвено- жолто“, а во овој град првите наши фанови веќе се пристигнати. Јасно е дека овој прекрасен град на Сицилија ќе види што се вистински навивачи,кои ќе приредат уште едно шоу деновиве, како што само тие знаат.
Така е кога игра Македонија, дали е тоа фудбал, ракомет… сеедно, за Македонија се работи.