Хансен поради здравствени проблеми пред време ја заврши сезоната

187

Шокатни информации доаѓаат од Франција. Еден од најдобрите ракометари на денешницата Микел Хансен ќе биде надвор од терените околу шест месеци поради сериозни здравствени проблеми.

Ракометарот на ПСЖ сезоната ја завршува порано поради емболија на белите дробови и проблем со долните екстремитети. Она што е позитивно е што здравствената состојба е стабилна и тој е надвор од животна опасност.

Хансен кариерата треба да ја продолжи во Алборг, каде ќе заигра од сезоната 2022/23, што значи дека нема да може да му помогне на ПСЖ да дојде до посакуваната титула во ЛШ и така да се збогува со францускиот тим.

ПретходноМЗТ Скопје му одржа лекција на Широки (ФОТО)
СледноПетровиќ: Момците го испочитуваа сето она што го договоривме!