Барселона ја запиша 20 победа оваа сезона во Евролига, откако на гостувањето кај Алба Берлин славеше со убедливи 79-95 во рамките на 31 коло. Каталонците добро влегоа во овој дуел, поведоа со 13-21 по првата четвртина, а по изедначената игра во следниот период, се издигнаа по одморот, дојдоа на двоцифрена предност од 52-73, која до крајот рутински ја сочуваа.
Миротиќ со 18 поени и шест скока беше прво име кај гостите, на другата страна Да Силва имаше 13 поени.
Иако Реал Мадрид во последната четвртина имаше предност од десет поени, сепак на крајот беше поразен на гости кај Анадолу Ефес со 93-90, благодарение на Василије Мициќ, кој го постави конечниот резултат. Српскиот кошаркар беше најефикасен кај својот тим со 29 поени, додека на другата страна Дек имаше 23 поени.
За Анадолус Ефес ова беше 13 победа оваа сезона, додека пак Реал го запиша седмиот пораз, но останува на второто место на табелата.
На останатите две средби, Панатинаикос го победи Баерн со 80-67, додека Макаби беше подобар од Милано со 75-58.