Некогашниот селектор на репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски е нов тренер на тимот на Параду од Алжир. Искусниот стратег досега беше дел од тимот на Графичар од Белград, што како тренер што како дел од ракводните струкури, а сега повторно се впушта во интернационална авантура.
Параду е клуб кој е основан 1994 година, но без титула во шампионатот на Алжир. Во моментов Параду е на третата позиција на табелата во првенството.