Според истражувањето на Фудбалската опсерваторија за фудбалска статистика (ЦИЕС) во Англија имаат најголемо трпение со тренерите односно пресметан е просекот на денови на кормилото на клубовите во најсилните лиги.
Во топ 5 лигите Англија е на највисокото место, во просек 772 денови се задржуваат на работната позиција. По нив е германската Бундес лига (628 денови) и шпанската Ла Лига (617 денови).
Најнесигурна работа имаат тренерите во француската Лига 1 (385 денови) и италијанската Серија А (384 денови).
Во истражувањето се опфатени 90 држави во светот, а на прво место во оваа категорија е Северна Ирска (1536 денови), додека на дното е Саудиска Арабија со 156 денови во просек и Бразил со просек од 163 денови на кормилото.
И македонската Прва лига е опфатена во истражувањето, а просекот е 334 денови.