Се чини вистинско “лудило“ се случува во Палермо кај домашните фанови во пресрет на бараж мечот Италија – Македонија, кој се игра на 24 март. Се знае дека сите билети се продадени, „Ренцо Барбера“ е распродаден, па сега тие што имаат билет а сакаат да го препорадат бараат за него и неверојатни 1.079 евра. Ова денеска го пренесува Palermotoday.it. Имено се напоменува дека на веб- страницата Viagogo.com цените вроглаво растат. Има и такви кои бараат и 1.079 евра за билет за мечот Италија – Македонија.
ФОТО: Palermotoday.it