Лазарески не го заврши слаломот, Даноска 63. во крос-кантри

261

На Европскиот младински зимски олимписки фестивал во Вуокати, Финска, денеска настапи нашиот млад скијач, Мирко Лазарески. За жал тој не успеа да ја заврши трката во слалом.

Мирко Лазаревски има уште една шанса за добар пласман на трката во велеслалом која на програмата е на 24 март.

Македонската нордијка, Михаела Даноска вчера го имаше својот премиерен настап на Зимскиот младински олимписки фестивал во Вуокати, Финска. Таа се појави во трката во нордиско скијање (крос кантри) и заврши на 63. место во конкуренција на 64 учесници, заостанувајќи зад победникот 7:52:2 минути.

Михаела ќе земе учество и во трката во биатлон.

ПретходноЦапар во Белград e како дома, но нема опуштање, тука сме за да победиме
СледноФановите се поздравија со националите и тргнаа за Италија: Се гледаме во Палермо! (ВИДЕО +ФОТО)