Леброн со трипл дабл ги предводеше „Езерџиите“ до 31. триумф

117

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа победа во гости ка Кливленд со 131:120, а кај домашните расположен беше Леброн Џејмс кој стигна до нов трипл-дабл: 38 поени (17/29 шутеви од игра), 12 асистенции и 11 скокови.
Значајни улоги ка Лејкерси имаа уште Ди Џеј Огастин и Расел Вестбрук со по 20 кошеви. Првиот имаше ефект од 6/6 за три поени и 1/1 од обиди за два.
Своја вечер имаше и Кевин Дурент во победата на неговиот Бруклин против Јута со 114:106. Тој постигна 37 поени со одлични 65% успешни шутеви. Импресивен настап имаше Кристијан Вуд кој постигна 39 поени, од кои 24 со шутеви за три поени во триумфот на Хјустон Рокитс над Вашингтон со 115:97.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Њу Орлеанс 106:103
Кливленд – Л.А. Лејкерс 120:131
Детроит – Портланд 115:119
Бруклин – Јута 114:106
Филаделфија – Мајами 113:106
Чикаго – Торонто 113:99
Хјустон – Вашингтон 115:97
Оклахома – Бостон 123:132
Далас – Минесота 110:108

ПретходноМиланско „дерби“ за Елиф Елмас!
СледноИ го одземаа златото од ОИ и СП и ја суспендираа на две години!