Македонија од вториот шешир ќе ја чека ждрепката во квалификациите за ЕП 2024!

382

Како што денеска беше официјално објавено од страна на ЕХФ, Македонија се најде во вториот шешир на ждрепката за квалификациите за ЕП 2024 година, кое ќе се игра во Германија.

Ждрепката ќе се одржи на 31 март, а во неа ќе има 32 селекции кои се наоѓаат во четири шешири со 8 репрезентации. Значи ќе има осум квалификацски групи со по четири селекции. Русија и Белорусија се исклучени поради инвазијата врз Украина.

Македонија има добри шанси да се пласира на ЕП, имено двете првопласирани од сите групи ќе одат директно на Европско, а и најдобрите четири третопласирани исто така ќе се најдат на ЕП 2024.

Шешир 1:Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија

Шешир 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина

Шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција

Шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург

ПретходноСтевановиќ: Македонија е екстра квалитетна, а ние мора да функционираме како тим, а не како поединци
СледноМЗТ Скопје против Широки за продолжување на битката за врвот!