Марко Верати: Македонија заслужи да е во баражот, да внимаваме на нејзините контри!

367

Марко Верати, клучниот играч на „аѕурите“ во средниот ред, носителот на играта на ПСЖ, денеска во Коверчано, на прес – конференција искоментира што тој очекува од дуелот Италија – Македонија. Меч од полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар.

Прво играме против репрезентација која со своите игри и резултати заслужи да биде тука, во баражот. Да, ние сме фаворити, ние сме уверени во победа, но нема да биде лесно. Имено Македонија е тим кој се брани многу ниско, мора да внимаваме на нејзините контранапади. Во исто време мора да ги пронајдеме вистинските места каде ние би нападнале, да им направиме проблеми на Македонците. Постојано разговараме со Манчини на таа тема. Мислам дека може да се очекува одличен натпревар“ рече покрај другото Марко Верати.

ПретходноФановите се поздравија со националите и тргнаа за Италија: Се гледаме во Палермо! (ВИДЕО +ФОТО)
СледноБошко Ѓуровски нов тренер на Параду