МЗТ Скопје му одржа лекција на Широки (ФОТО)

203

МЗТ Скопје запиша победа на првиот меч од последниот „балон“ во АБА 2-лига, откако го совлада домаќинот, Широки со убедливи 78-91. За „сино-белите“ ова беше осми триумф оваа сезона, трет во низа во второлигашката јадранска конкуренција.

Избраниците на Александар Петровиќ ја продолжија битката за првото место на табелата, а шанса за да се искачат на врвот ќе имаат за два дена, кога играат со директниот ривал, Борац Бања Лука.

Кошаркарите на МЗТ Скопје добро го почнаа мечот поведоа со 2-8, имаа позитива од 12-20, но падна темпото. Домаќинот со серија од 14-0 направи пресврт и поведе со 26-20. Доминацијата на противникот не треаше долго, македонскиот тим одигра одлично во втората четвртина ја доби со 12-20 и на одморот замина со позитива од 38-42.

Во третиот период „сино-белите“ фатија ритам, во 29 минута актуелниот македонски шампион поведе со плус 15 (52-67). Наместо да нагази, им дозволи на кошаркарите на Широки да намалат на 59-67. Се разбуди публиката, но Дамјан Стојановски со три поени зголеми на 59-71 пред стартот на последната четвртина.

Во првите две минути и двата тима грешеа, но подобро се најде МЗТ Скопје, зголеми на средината на овој период, поведе со 65-81 и го најави крајното сценарио на оваа пресметка.

Дамјан Стојановски постигна 17 поени, Милошевиќ имаше 14, додека Војдан Стојановски 13.

ФОТО: Драгана Стјепановиќ

ПретходноСе ближи крајот на кариерата, Ибра призна: Ме фаќа паника!
СледноХансен поради здравствени проблеми пред време ја заврши сезоната