МЗТ Скопје вечерва (21 часот) го игра првиот дуел во последниот „балон“ од регуларниот дел од сезоната во АБА 2-лига, за противник го има домаќинот Широки.
Актуелниот македонски првак веќе има обезбедено место на плеј-офот, кој ќе се игра токму во Скопје (13 до 17 арпил). Иако билетот е заверен сепак Александар Петровиќ и неговите момци немаат намера да застанат. Посакуваат со максимален скор да го завршат овој „балон“ и во победнички ритам да ја пречекаат битката за враќање во јадранската елита.
МЗТ Скопје се наоѓа на третото место (има меч помалку од Хелиос), со триумф против Широки ќе се врати на втората позиција. За превземање на лидерското место ќе има директна пресметка со Борец Бања Лука веќе на втората средба.
Последен противник на „сино-белите“ ќе биде Златибор.
Од таборот на македонскиот тим најавија максимална борба за остварување на деветата победа оваа сезона.