Македонската репрезентација до 21 година во моментов го одработува првиот тренинг откако пристигна во Белград, по повод квалификацискиот дуел против Србија кој го играме на стадионот „Вождовац“ в четврток во 17:00 часот.
Со оглед на фактот што самиот натпревар се игра на вештачка трева, стручниот штаб на чело со селекторот Драган Канатларовски така и го подготвуваат тренажниот процес.
Денеска се тренираше на комплексот на Фудбалскиот сојуз на град Белград, а утре официјалниот тренинг ќе го одработиме на „Вождовац“.
Она што е најважно во моменто е што немаме ниту еден играч кој се жали на повреда и сите во моментов конкурираат за првите единаесет. Секако тука не го вклучуваме Марио Младеновски кој има жолти картони и ќе конкурира само за мечот против Фарски Острови во Скопје.
Гостин на тренингот на репрезентацијата на Македонија беше и екс репрезентативецот Остоја Стјепановиќ кој веќе долги години живее во Белград.