Надал вчера откри дека не можел да дише, сега ја откри причината

647

Рафаел Мадал вчера откри дека не можел да дише и дека е загрижен бидејќи не знае која ја причината. Во меѓувреме шпанскиот тенисер го откри проблемот, станува збор за напукнато ребро, причина поради која ќе мора да биде надвор повеќе од шест недели.

„По враќањето во Шпанија бев на доктор поради проблемите кои ги имав во финалето на Индијан Велс. Прегледите покажаа дека морам да паузирам четири од шест недели. Тажен сум бидејќи играв добро на стартот на сезоната“, изјави Надала.

Рафа потенцира дека сака што поскоро да се врати на терените.

„Дојдов до многу важен дел од годините, имав победнички дух. Ќе се трудам да бидам што подобар“, изјави Шпанецот.

За жал тој нема да игра во Монтер Карло и АТП турнирот во Барселона, прашање е во каква состојба ќе ги дочека Ролан Гарос и Мастерс турнирите во Рим и во Мадрид, на кои игра традиционално добро и освојува трофеи.

ПретходноПетровиќ: Момците го испочитуваа сето она што го договоривме!
СледноУЕФА воведува нови финансиски правила, ќе има исфрлање од евро-куповите