Несторовски: Еднаш ја запревме Италија затоа сите карти се отворени во овој плеј-оф

499

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски даде интервју за „La Republica“ во кое зборуваше за многу теми, вклучувајќи го и претстојниот натпревар на Македонија против Италија. Тој не е повикан во составот за мечот што ќе се одигра на „Ренцо Барбера“ во Палермо. Инаку Несторовски се прослави во Италија токму во дресот на локалниот клуб Палермо од каде отиде во Удинезе.
Прочитав дека стадионот ќе биде полн и знам дека тоа ќе даде голем поттик на Италија. Можеби ФИГЦ заборави дека Трајковски, исто како мене, добро го знае теренот во Палермо. И тој играше таму. Да не заборавиме дека еднаш ја запревме Италија (1:1) токму со гол на Трајковски во 2017 година која потоа играше бараж против Шведска и не се квалификуваше за СП во Русија. Накратко кажано имаме големи шанси. Сите карти се отворени во овој плеј-оф меч. Се игра еден меч кој може да биде решен со еден потег, пенали или во екстра времето“, изјави Несторовски.

ПретходноТренерот на Цибона до играчите: „Три дена ви зборувам, играјте п*чка ви мајчина“ (видео)
СледноРишарлисон: Не сум во репрезентацијата затоа што сум убав