Ришарлисон: Не сум во репрезентацијата затоа што сум убав

456

Фудбалерот на Евертон Ришарлисон се врати во репрезентацијата на Бразил за првпат по минатото лето, па е во комбинација за натпреварите против Чиле односно Боливија во квалификациите за СП 2022.

Напаѓачот чиј прекар е „гулаб“ им одговори наа критичарите кои сметаат дека него не му е местото во националниот тим поточно дека селекторот не верува во неговите квалитети за „Селесао“.

Видете вака, не сум во репрезентацијата затоа што сум убав. Ме немаше подоблго време поради повреда која беше сериозна. А многу коментатори и новинари ме отпишаа за СП во Катар. Јас бев смирен, го чекав моментот затоа што знам дека сум талентиран, си знам со каков потенцијал располагам. Мислам дека како репрезентативци заслужуваме повеќе респект, работиме напорно, даваме се од себе за националниот тим. Впрочем, кога зборуваме за бразилската репрезентација секој ден се појавува нов напаѓач. Затоа мојата позиција не е загарантирана“, изјави Ришарлисон за „Goal.com“.

Играчот на Евертон беше дел од националниот тим кој играше во финале на Копа Америка и го загуби од вечниот ривал Аргентина. Пред неколку недели зборуваше за „ТНТ Спортс“ и даде провоцирачки одоговор на прашањето дали би сакал да игра финале на СП против Аргентина. Тој изјави дека повеќе ја сака Германија за противник за да им врати за она понишување од 7:1 на СП 2014 отколку тие измамници.

Бразил е фаворит за освојување на Мундијалот. Никогаш не сме биле елиминирани во првата рунда. А за тоа кого го посакувам во финале на СП би кажал Германија. Не ги сакам Аргентинците. Половина нивни репрезентативци се измамници и знаеме, кога победуваат на кој начин го прават тоа“, објасни Ришарлисон.

ПретходноНесторовски: Еднаш ја запревме Италија затоа сите карти се отворени во овој плеј-оф
СледноВардар ги отвора вратите на „Јане Сандански“ за дербито со битолчани