Рикардо Прасел беше еден од најнадежните бразилски голмани, беше дел од Челзи во иста екипа со Дрогба, Лампард, Тери, Балак, Ешли Кол и под палката на Жозе Мурињо. Тој беше трет голмански избор на Мурињо во тој период зад Чех и Хиларио, меѓутоа неговата фудбалска кариера завршува многу рано, уште на 22 години поради неколку сериозни повреди. Но тој не застанал, продолжил со друг спорт – џиу џитсу со тоа што тргнал аматерски преку борби во Бразил и сега е професионален ММА борач.
Неговиот ефект е 12 победи и три порази. Викендов на дебито во полското ММА во две рунди во нокаутира ветеранот во полутешка категорија Микал Кита.